Канадската затворска служба ја разгледува можноста за отворање простории за превенција од предозирање бидејќи ја проширува програмата за размена на опрема за инјектирање.
Во соопштението, Казнената служба на Канада напишала дека “е во раните фази на истражување на местата за превенција од предозирање како друга мерка за намалување на штетите од употребата на дрога кај затворениците”.
Поборниците велат дека Драмхелер институцијата во Алберта била потенцијална локација, кој ќе им овозможи на корисниците да користат нелегални дроги под медицински надзор. Поправната служба не одговори на прашањата како би го потврдила ова.
Џејсон Годин, претседател на Сојузот на канадските казнено-поправни службеници, изјавил дека долго време лобирал за места за превенција од предозирање и дека е предложен за Драмхелер.
Работник во затворот Драмхелер, обвинет за трговија со луѓе изјавил: “Во најмала рака, да почнат да ги отвораат тие простории за да можеме да се извлечеме од инјкетирање во келиите”, додавајќи дека надгледуваната употреба на дроги ќе вклучи здравствени професионалци на одредена област во затворот наместо чуварите, како би се справиле со затворениците кои инјектираат шверцувана дрога во нивните келии.
Тој исто така рекол дека програмата за размена на стерилна опрема за инјкетирање, која започнала минатата година, треба да се укине бидејќи медицинските сестри и лекарите не биле достапни во повеќето институции по 4 часот во случај предозирање на затвореници, така што просториите за безбедно инјектирање посветени на превенцијата имаат поголема смисла, се додека тие се соодветно екипирани.
“Досега, владата не се согласи да ни даде 24-часовна дневна здравствена заштита”, рекол тој.
Размена на стерилна опрема за инјектирање
Поправната служба изјавила дека програмата за размена на стерилна опрема за инјкетирање била насочена кон спречување на ширење на крвни болести, како што се ХИВ и хепатитис Ц, како и инфекции на кожата од споделена опрема, како дел од другите мерки за намалување на штети, вклучувајќи пристап до лекови за опиоидна супституција како што се метадон и субоксон.
Новата институција за жени во Труро, Н.С., спровела програма за размена на стерилна опрема за инјкетирање во затвор, откако била воведена минатиот јуни во Институтот за жени во Големата долина во Китченер, Онт. И Атлантската институција во Ренеус, Н.Б. Таа била проширена во Институтот за жени на Фрејзер во Аботсфорд, Б.Ц. и Едмонтонската институција за жени оваа година.
“Притворениците кои учествуваат во (програмата) се обврзани безбедно да ја чуваат опремата за инјкетирање во нивните ќелии”, се вели во додавањето на изгубениот комплет или оној со предмети за кои нема да се забележи, како и неовластена употреба на опремата, може да резултира со дисциплинска казна.
Службата соопштила дека 13 затвореници биле одобрени за програмата за размена на стерилна опрема во петте институции, но само пет лица учествувале во програмата, бидејќи останатите биле ослободени или преместени во затвори кои сеуште не започнале да ја нудат услугата.
Питер Браун, поранешен корисник, кој служел три федерални казни во различни институции во Источна Канада помеѓу 1992 и 1999 година за злосторства, вклучувајќи грабежи, изјавил дека програмата за размена на стерилна опрема за инјкетирање, како и просториите за превенција на предозирање се суштински зад решетки, бидејќи употребата на дроги била честа појава.
Дистрибуција на белило
Браун рекол дека користел белило обезбедено од страна на поправната служба за постојано да ги исплакнува иглите и шприцовите за да се обиде да избегне пренос на ХИВ и хепатитис Ц. Службата вели дека белилото сè уште се дистрибуирало до затворениците поради таа причина.
Сандра Ка Хон Чу, директор за истражување и застапување за Канадската правна мрежа за ХИВ / СИДА, рекла дека белилото не бил толку ефикасен метод за избегнување на преносот на крвни болести како стерилните игли.
Чу рекла дека програмата за размена на стерилна опрема за инјкетирање за поправните служби е “фундаментално погрешна” бидејќи обезбедува неадекватна пристапност и процесот на апликација е тежок и барал повеќекратно ниво на одобрување.
“Може да ви биде одбиен пристап за она што тие го сметаат за некомпатибилност со програмата која не е поврзана со здравјето”, рекла таа.
“Тоа е програма за здравствена заштита во самиот почеток и таа е врамена како безбедносно прашање кое е приоритетно во однос на здравјето и тоа не е нешто што го гледате во заедницата”.