На 27.12 на овогодишниот саем на книги во ГЕМ во 19 ч. се одржа промоција на графичкиот роман СИНИ ПИЛУЛИ од Фредерик Петерс во изадние на ТЕМПЛУМ и ХОПС со поддршка на Фондацијата Отворено Општество.
Дискусијата на Владо Манчевски и Андреј Сених беше моќна и инспиративна и успеаа да ја доловат љубовната приказна на Фред и Кади, чија врска се усложнува кога Кади му открива дека таа и нејзиниот тригодишен син се ХИВ-позитивни. Одлично ја пренесоа љубовта и внимателноста на авторот кој го раскажува развојот на заеднички живот со Кади.
Денес и утре може да си го набавите стрипот во ГЕМ на Мал новогодишен саем на книги во ГЕМ #8