Мрежата за заштита од дискриминација не кани на промоција на Извештајот за имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација (2011-2018), каде заеднички ќе ги дискутираме предизвиците кои ни престојат за спроведување на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, со цел унапредување на заштитата и уживањето на човековите права на сите граѓани/ки без дискриминација и постигнување на суштествена еднаквост.
Целта на извештајот е да се оцени функционалноста на постојните правни и институционални механизми за заштита од дискриминација, со фокус на имплементацијата на Закон за спречување и заштита од дискриминација од 2010 година и функционалноста на Комисијата за заштита од дискриминација.
Подготвениот извештај дава преглед на севкупното досегашно работење на КЗД, ги идентификува позитивните и негативните аспекти во имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација, а воедно тој претставува и основа за компарација на понатамошното работење на новата Комисија во остварувањето на нејзиниот нов пропишан мандат.
Извештајот овозможува идентификување на клучни препораки со цел надминување на досегашните недостатоци при имплементацијата на Законот за спречвање и заштита од дискриминација.
Агендата и повеќе информации за настанот можете да прочитате на ивентот.
Во Мрежата за заштита од дискриминација членуваат следните органиции: Фондација отворено општество – Македонија; Асоцијација за здравствена едукација и истражување (ХЕРА); ХОПС – Опции за здрав живот; Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија и Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија (ЕСЕ); Станица П.Е.Т. Здружение за правна едукација и транспарентност – Прилеп; Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници – МАРГИНИ и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА.