Во среда 27.12, на овогодишниот саем на книги во ГЕМ во 19 ч. ќе се одржи промоција на графичкиот роман СИНИ ПИЛУЛИ од Фредерик Петерс во изадние на ТЕМПЛУМ и ХОПС со поддршка на Фондацијата Отворено Општество.
Сини пилули е графички мемоар кој ја раскажува љубовната приказна на Фред и Кади, чија врска се усложнува кога Кади му открива дека таа и нејзиниот тригодишен син се ХИВ-позитивни. Авторот со голема љубов и внимателност го раскажува развојот на нивниот заеднички живот.
Делото на еден од најценетите млади европски уметници на стрипот, е длабоко емотивна приказна наменета за сите нас коишто избравме да сакаме наспроти најтешките предизвици. Како најдобрите графички мемоари, Сини пилули затрашувачката тема ја обработува низ уметнички и хуманистички пристап, на свеж, искрен и суштински разбирлив начин. Оваа храбра љубовна приказна лишена од сентименталност е блиска до секој човек чијашто љубов се сретнала со големи искушенија – и победила. Сините пилули досега се прдадени во над 50.000 примероци и преведени се на петнаесетина јазици. Но, поважно од тоа е што делото на Фредерик Петерс ја освои и онаа публика која не го следи стрипот; затоа Сините пилули петнаесет години по првото појавување се сметаат за незаобиколно уметничко дело.
Промотор на графичкиот мемоар ќе бидат Владо Манчевски и Андреј Сених, активист од заедницата на луѓе што живеат со ХИВ, модератор – Фросина Крушкаровска.
Во продолжение можете да ги прочитате, првите 35 страници од стрипот СИНИ ПИЛУЛИ!