На 22 Декември, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје учествуваше на состанокот на меѓуресорската комисија за дроги при Владата на Република Северна Македонија на која Влатко Деков го презентираше извештајот “Глобалниот индекс за политики за дроги.”
Овоj извештај е прв од таков вид и со него се оценува дали и во која мерка националните политики за дроги ги исполнуваат барањата и стандардите на Обединетите нации за човекови права, здравје и развој и истите се рангираат според освоените бодови. Овој извештај опфаќа 30 земји од целиот свет меѓу кои и Република Северна Македонија и нашата земја е на седмото место.