Вчера ХОПС – Опции за здрав живот Скопје во соработка со министерство за здравство и Mеѓуресорската комисија за дроги организираше промоција на новата Национална стратегија за дроги 2021-2025 година и акциониот план 2021-2023 година.
Пред претставници на релевантните министерства, институции и граѓански организации стратегијата ја промовираа Лидија Савиќ, претседателка на Mеѓуресорката комисија за дроги на Република Северна Македонија, Проф. Др. Лилјана Игњатова, Медицински Факултет Скопје и Хајди Штерјова Симоновиќ , Извршна директорка на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Промоцијата се одржа во рамките на проектот “Одржливост на услуги за клучни популации во Источна Европа и Централна Азија“ поддржан од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија”,.