Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. во рамки на проектот „Промени ја исхраната, промени го светот!“ кој Е.Д.Е.Н. го спроведува во периодот 11 мај-11 јули 2020 г. со поддршка од програмата Цивика мобилитас изврши донација 40 вегански оброци (вегебургер+енергетска сникерс бомбица) на Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, кое ги подели овие оброци на своите корисници ( луѓе кои употребуваат дроги, деца кои употребуваат дроги и сексуални работници и нивни семејства).
Е.Д.Е.Н со поддршката од #Цивика успеаа да обезбедат 512 вегански оброци, а со поддршка од индивидуални донатори, бројот е искачен на над 600.
Донирај 170 денари на ж. с-ка 210069382560102 со назнака #Донирам170 и обезбеди здрав и превкусен оброк за некој што нема!
Да бидеме солидарни! Споделувајте
Им благодариме на Е.Д.Е.Н. и Цивика мобилитас.