Европската асоцијација на пациенти со црн дроб (ELPA), во соработка со INTEGRATE- здружена акција, започнуваат со пилот-кампања: Пролетна европска недела за тестирање на хепатитис и ХИВ, која започнува денес и ќе трае до 25 мај.
Овој пилот служи како уште една можност во текот на годината да се промовираат тестирањата во врска со хепатитис и ХИВ и со тоа да се подигне свеста во врска со овие две состојби. Со овие тестирања всушност треба да се срушат бариерите за нивно спореведување, со што луѓето ќе бидат похрабри во одлуката за тестирање. Пилотот е продолжеток на ноемвриската акција, но тоа не значи дека ја заменува истата, која ќе си продолжи во ноември.
ХОПС се приклучи во Пролетната европска недела за тестирање на хепатитис и ХИВ, со тоа што мое да се тестирате во некој од нашите центри или на терен и мораме да потенцираме дека тестирањето за ХИВ е бесплатно, доверливо и анонимно, а резултатите се готови за 30 минути.
Тестирањата може да ги направите:
- Дневениот центар „Дуња“ во Кисела Вода. Тел: 02 3 130 058 и теренски број: 075 76 99 48
- Дневниот центар во Гази Баба. Тел: 02 2 630 499