ГОДИШЕН ПРОГРАМСКИ ИЗВЕШТАЈ 2021
Работата на ХОПС е организирана во неколку програмски целини и тоа: Преку Програмската целина Сервиси се овозможува сеопфатни и интегрирани услуги на крајните корисници (луѓе кои употребуваат дроги и сексуални работници, деца во ризик и нивните семејства) со цел унапредување на нивната здравствена и социо-економска состојба, како и заштита на нивните права, со посебен фокус на здравствените, социо-економски права, заштита од дискриминација, тортура, и родово базирано насилство, од страна на обучени и сензибилизрани професионалци со долгогодишно искуство и знаење во областа, како и обучени лица од заедниците. Програмската целина ЦЕДИ овозможува поддршка во функционирање на останатите програмски целини преку прибирање и анализа на податоци и документирања кои ќе даваат ажурен преглед на состојбата и потребите кај целните групи/корисниците, како и преку изработка на документи, студии, извештаи и предлози за подобрување на постоечките и/или за воведување на нови политики од важност за корисниците. Преку оваа програмска целина се овозможува едукација на претставници на институции, студенти, новинари, други здруженија и персоналот на организацијата со цел зголемување на нивните знаења, но и јакнење на нивните вештини за работа со корисниците. Програмата се реализира преку три посебни програмски аспекти:едукација, документирање и истражување. Преку програмската целина Застапување се преземаат активности за застапување за промена на политики, легислатива и пракса поврзани со политиката на дроги и регулирањето на сексуалната работа, а крајна цел е воспоставување на модели на декриминалзиација на употребата на дроги и декриминалзиација на сексуалната работа, преку кои системски ќе се унапредат почитувањето на човековите права, здравствена, социјална и економска добросостојба, застапеноста на заедиците во креирањето на политиките и носењето на одлуки, носење и спроведување на национални и локални политики базирани на докази и човекови права и обезбедување на одржливо домашно финансирање на сервиси потребни за заедниците.