ГОДИШЕН ПРОГРАМСКИ ИЗВЕШТАЈ 2022
Овој годишен извештај ја да целосната слика за работењето на Здружението ХОПС-Опции за здрав живот во 2022 година како и постигнувањата, предизвиците и заканите со кои се соочуваше мината година.
Во своето речиси четврт вековно постоење ХОПС е организација која секоја година има голем број достигнувања од областа на здравството, социјалата и правдата преку кои прави промени кои го движат нашето општество во насока на демократските и напредни општества.
ХОПС е организација која еволуира согласно глобалните, регионалните и националните контексти, но исто така е и оеганизација која заедно со своите партнери и поддржувачи се носители на прогресивноста и развојот со цел подобрување на благосостојбата на најмаргинализираните заедници воопшто.
Во изминатите речиси 25 години постоење многу пати сме се соочувале со сериозни предизвици и закани но благодарение на воспоставената добра тимска работа добро сме се справувале со овие предизвици, одржувајќи ја и понатаму развивајќи ја организацијата.
Изминатата 2022 година беше трета по ред година во која глобалната здравствена, економска и безбедносна криза се одрази на работата на нашата организација во голема мера одредувајќи ги можностите за достигнувањата и успесите, но и покрај се и оваа година ХОПС може да се пофали со сериозни достигнувања и со успешно надминување на сите надворешни и непредвидени ризици и закани кои во текот на оваа година ни го попречија патот.
И во следниот период продолжуваме со борбата за еднаквост и инклузија на најмаргиналзиираните во ова општество.