По 10 години, лекарите и пациентите од најстарата програма за ОСТ (супституциска терапија за зависности од опијати) во Бугарија оствариле важна средба, за да разговараат за „судбината“ на најстарата програма во Бугарија која започнала да работи во 1995 година.
Дваесет години програмата работела во зграда која била во центарот на градот, но со политичките измени (и ветувањата на политичарите), оваа пролет, програмата е преместена на друго место, кое е далеку од центарот на градот. И покрај промената на местото, ОСТ продолжува да работи со 190 пациенти во програмата. Но, по повторно протестирање на соседите заедно со поддршка од некои политички сили, тие решиле дека до крајот на декември ОСТ програмата треба повторно да се премести. Министерството дури нашло место, подрум кој е веднаш до друга програма за ОСТ, која е „позната“ по својата репутација.
На новата локација само 140 луѓе можат да користат услуги на новото место. За другите пеесетина пацинети не се знае. Најверојатно, тие ќе бидат поделени и испратени во други програми или можеби не?
Не сите членови на персоналот ќе се преселат на новото место: во основа лекарите и социјалните работници ќе се преселат, но лабораторијата каде што лицето може да направи тестови за ХИВ, хепатитис, нема да се пресели, ќе остане на истото место, каде што програмата сега работи. Ова значи дека луѓето ќе имаат помалку пристап до здравствени услуги и помалку пристојни услови.
Оваа средба донела околу 30 пациенти од програмата ОСТ и сите членови на персоналот. Средбата е завршена со потпишување на писмо упатено до Министерството за здравство во Бугарија и другите одговорни чинители, подготвено од новоформираната организација – Бугарска мрежа на луѓе кои користат дроги (БГНПУД).