Во 2017 година екипата на Drugreporter, ја сними работата на невладината организација Јувентас (Црна Гора). Јувентас како невладина организација ја започнува својата работа во 1996 година и успева да биде во центарот на настаните поврзани со одредени категории на луѓе во Црна Гора и нивните права. Во 2004 година, ја започнуваат својата работа со корисници на дрога и сексуални работници, а за време на “златните години” со добивање на финансиите од Глобалниот фонд и покрај сите пречки прават одлична работа.
Во документарниот филм, зборуваат за нивната секојдневна работа, како ги водат дроп ин центрите и теренски работи, за тоа со какви проблеми се соочувале и соочуваат по заминувањето на Глобалниот Фонд, кои се добрите страни на обидот да се направи промена со програми за намалување на штети.