Програмите за намалување на штети мора да продолжат да функционираат е позицијата на Европската мрежа за намалување на штети поврзано со корона вирусот

0

Корелација – Европска мрежа за намалување на штети и Евроазиската асоцијација за намалување на штети ја објавија нивната позиција за потребата од континуитет на услугите за намалување на штети за време на кризата од корона вирусот.

Луѓето кои користат дроги (ЛКД) може да се сметаат како ризична група од корона епидемијата.Тие често се наоѓаат на маргините на општеството со мал или никаков пристап до домување, вработување, финансиски ресурси, социјална и здравствена заштита и се соочуваат со системска дискриминација и криминализација во поголемиот број на земји. Многу од нив имаат и други здравствени проблеми, што може да го зголеми ризикот од (фатална ) инфекција од корона вирусот како што се хронични заболувања ( ХИВ, Хепатитис, ТБ, карцином и други состојби кои го намалуваат имунолошкиот систем ). Услугите кои ги нудат програмите за намалување на штети многу често се единствениот контакт и пристап  на ЛКД до социјални и здравствени услуги. Овие програми за намалување на штети обезбедуваат голем спектар на услуги кои се од суштинско значење за да се спасат животи.

Мерки кои треба да ги превземат националните и локалните власти како и меѓународните организации според  европската мрежа за намалување на штети се следниве:

Да се обезбеди континуитет и одржливост на сервисите за намалување на штети и сервисите со низок праг за ЛКД за време на корона вирусот.   Ова вклучува ( супституциски третман, размена на стерилна опрема за инјектирање, обезбедување на налоксон ( нема во нашата држава програма за дистрибуција ), Пристап до соби за користење на дроги (нема ваков тип на соби во МК) ). Покрај тоа треба да се обезбедат основни услуги како дневно и ноќно засолниште, тушеви, облека,храна и сл. Овие услуги се од огромно значење ЛКД а се бездомници или живеат на улица.Да се обезбедат финансии за давателите на услугите за намалување на штети и да се обезбеди соодветна опрема за заштита како на давателите на услуги така и на ЛКД кои ги користат услугите ( сапун, санитар за раце, маски, шамивчиња и сл ).

Да се потврди важната улога на програмите за намалување на штети во врема на пандемија на корона вирусот за ЛКД 

Да се развијат конкретни упатства и прописи за услугите за намалување на штети, со почит кон ранливата состојба на ЛКД. Овие упатства треба да бидат изработени од даватателите на услугите во соработка со лица од заедницата , а да бидат во насока со упатствата, препораките и докази на СЗО и националните регулативи за корона вирусот.

Да се обезбеди супституциска терапија за подлг временски период или да се дистрибуира до домот на корисниците.

Да се обезбеди поголема количина на стерилна опрема за инјектирање ( игли,шприцови) и канти за складирање на искористена опрема, со цел да се намали изложеноста на корона вирусот и контакт со други лица. Услугите од програмите за намалување на штети треба да обезбедат материјал (сапун, санитар за раце, маски, шамивчиња, корпи и сл) и информација за превенција од корона вирусот на персоналот, волонтерите и корисниците на услугите за луѓе кои покажуваат симптоми како температура, кашлање, кивање.

Стационарите( дроп ин центри) треба да ги советуваат и поддржуваат ЛКД во спречување на корона вирусот.

  • Лицата кои ќе го посетат центарот треба да ги дезинфицираат рацете пред влегувањето и да го напуштат во најбрз можен рок ( да нема Не потребно задржување ) и да се одбегнува пренатрупаност. По потреба може да се воспостават безбедносни мерки на пр. минимизирање на времетраењето на престојот, максимален број на посетители, посета еднаш дневно и сл. Доколку се подготвува храна, таа да се подигне и да се јаде на отворено. Соодветно растојание помеѓу посетителите/персонал ( минимум 2 метри) и редовно и темелно да се чисти и проветрува просторијата. Луѓето кои имаат дом се охрабруваат да останат дома и да набават поголемо количество на потребна опрема.

Состојбата на ЛКД треба внимателно да се следи. Ако некој покажува симптоми како температура, кашлање треба да му се обезбеди маска,ракавици и контакт со лекар . Да се воспостави контакт и соработка со компетентна здравствена установа за да се обезбеди понатамошна медицинска поддршка,нега и третман.

Ноќните засолништа се од големо значење за лицата кои се бездомници и лицата кои живеат на улица. Треба да има поделба од лицата кои Не се инфицирани со вирусот и тие кои се инфицирани и се во карантин ( немаат потреба од болнички третман ). Овие засолништа мора да се придружуваат до регулативите за безбедноста од корона вирусот и луѓето не треба да бидат дополнително изложени на ризик од инфицирање преку пренатрупаност и недоволна здравствена заштита.

Други услуги кои се поврзани со програмите за намалување на штети како состаноци и консултации треба да бидат откажани или да се организираат преку интернет. Приемот за третман на нови клиенти  треба да биде привремено одложен. Постапките од суд/обвинител, извршување, полиција и сл треба да бидат прекинати.  Задолжителното земање на примерок од урина би требало да се укине.

Услугите од програмите за намалување на штети треба да создадат безбедна работна средина и да бидат сигурни дека персоналот е добро информиран и заштитен од инфекции. Давателите на услугите треба да ги идентификуваат критичните работни позиции и да направат алтернативен план за вклучување на другите вработени во испорака на услугите.

Извор

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.