Проектот „Скриениот херој во секое дете“ има за цел, целосна реинтеграција и ресоцијализација на децата од улица во Шуто Оризари, беше претставен во Скопје од страна на здружението Новинари за човекови права, финансиски поддржан од ХОПС и Европската комисија.
Во самиот проект се вклучени стотина деца во Шуто Оризари, кои преку овој проект ги подобруваат своите вештини во пишување, цртање, комуницирање.
Проектот се имплементираше претходните шест месеци во Дневниот центар за деца од улица. Тој е полн со активности, кои се причина за да биде објавена книга наречена „Скриениот херој во секое дете“. Како автори на книгата се децата од Центарот. Книгата е двојазична, на македонски и англиски и има илустрации нацртани од децата.
Нашиот Ивица Цековски од ХОПС се надева на поголема оддржливост на проектот и повеќе иницијативи во иднина од ваков карактер.
– Ние како здружение успеавме да го регрантираме проектот преку една регионална програма наречена „Социјално зајакнување на млади во ризик“, ја спроведуваме со партнери во шест земји од Западен Балкан и работиме на унапредување на образование, социјалната заштита, здравство, безбедност и пристапот до право за повеќе ранливи категории на деца. Успеавме да доделиме средства, мали грантови за спроведување на прекрасни иницијативи од ваков вид за деца со кои нашата организација практично не работи, ние работиме генерално со маргинализирани заедници, помалку имаме прилика да работиме со други ранливи деца, но иницијатива е спроведена успешно и се надевам на поголема одржливост во иднина. – Цековски.