Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје објавува оглас за ангажирање на кординатор/-ка на проекти
Главни обврски:
⦁ Координирање на проектите: „Одржливост на сервиси и клучни популации во ХОПС“ и „Институционална поддршка за ХОПС“.
⦁ Организација на настани предвидени за спроведување со двата проекти.
⦁ Претставување и застапување на целите и на активностите од двата проекти.
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
⦁ VII/1 степен на завршено образование.
⦁ Најмалку двегодишно работно искуство во планирање и раководење на проектен циклус.
⦁ Најмалку двегодишно работно искуство во застапување.
⦁ Знаење и искуство за деловна кореспонденција, особено со претставници на државни институции и меѓународни организации.
⦁ Знаење и искуство за организација на обуки наменети за претставници на државни институции , на меѓународните организации и за заедниците со кои работи ХОПС.
⦁ Напредни вештини за говорно и писмено изразување на македонски јазик.
⦁ Работно владеење на пишан и говорен англиски јазик.
⦁ Знаење и вештини за администрација и финансиии во проектен циклус.
⦁ Подготвеност да се вклучи и да придонесе и за остварување на други активности на ХОПС.
⦁ Тимски дух и колегијалност.
⦁ Подготвеност за работа во куси временки рокови, транспарентност и тимска работа, посветеност на мисијата визијата и на целите на ХОПС и отвореност, почитување и прифаќање на различностите.
Кандидатот треба да ги достави следните документи:
⦁ Копија од уверение за завршен VII/1 степен на образование (завршен факултет).
⦁ Работна биографија.
⦁ Препораки ии список на референтни контакти кои можат да потврдат за искуството на кандидатот/кандидатката.
⦁ Писмо за мотивација.
Целокупната документација треба да се испрати на следнава електронска адреса: vanjad@hops.org.mk. Нецелосните пријави нема да бидат разгледувани.
Огласот трае до 30 јуни 2019 година.
Најпогодните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Визија на ХОПС: Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.
Мисија на ХОПС: Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здравјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.
Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на https://hops.org.mk.
www.hops.org.mk; www.twitter.com/HOPS_mk; www.facebook.com/hops.org