Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје објавува продолжување на огласот за ангажирање на Извршен/-на директор/-ка
Поради неисполнување на бројот на очекувани пријави рокот за ангажирање на Извршен/-на директор/-ка на ХОПС се продолжува до 18 април 2019 година, до 18:00 часот
Главни обврски:
- Раководење со Извршната канцеларија на ХОПС;
- Претставување и застапување на организацијата;
- Спроведување на политиките на ХОПС во насока на остварување на мисијата и визијата.
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- VII/1 степен на завршено образование;
- Минимум 5 годишно соодветно работно искуство;
- Докажано работно искуство во финансиско раководење, менаџмент на човечки ресурси, програмски и проектен менаџмент на долгорочни проекти финансирани од меѓународни донатори и познавање на англиски јазик;
- Потребно е да има лидерски вештини, професионалност и посветеност со посебен осврт кон маргинализирани заедници, одлични комуникациски вештини, работа под стрес и со куси временки рокови, транспарентност и тимска работа, лојаност кон организацијата и нејзините цели, отвореност, почитување и прифаќање на различностите.

Кандидатот треба да ги достави следните документи:
- Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование;
- Работна биографија;
- Писмо за мотивација;
- Програма за работа на здружението за период од три години;
- Потврди и препораки од претходни работни ангажмани;
- Потврда за познавање на англиски јазик.
Вкупниот надомест за позицијата е 65.000,00 денари.
Целокупната документација треба да биде донесена лично/испратена по пошта на ул: Христо Смирненски бр.48/1-6, 1000 Скопје, во затворено плико, со назнака: „Пријава по оглас за избор на Извршен директор“ или да се испрати на следнава електронска адреса: vanjad@hops.org.mk .
Огласот трае до 18 април 2019 година до 15 часот.
Визија на ХОПС: Oпштество во кое на сите луѓе подеднакво им се почитуваат човековите права и слободи и уживаат социјална, здравствена и економска благосостојба.
Мисија на ХОПС: Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здравјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување. Повеќе информации за работата на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје можете да дознаете на https://hops.org.mk.
www.hops.org.mk; www.twitter.com/HOPS_mk/; www.facebook.com/hops.org