Во некои земји тестирањето на таблети на музичките настани било дозволено уште од раните 90-ти.
Голем број европски земји веќе го имаат прифатено тестирањете на таблети како стандардна карактеристика на нивните политики за јавно здравје и тие организации имале постигнато голем успех во откривањето на ризични соединенија во екстазите како и опасните дози на МДМА.
Повеќекратните здравствени тела низ Австралија сега ги повикале владите на државите и териториите да спроведат тестирање на таблети на музичките фестивали по серијата смртни случаи поврзани со дрога на настаните од Септември 2018 година.
Шест лица загинале на музички фестивали во тоа време, а пет од тие смртни случаи се случиле во Нов Јужен Велс. Последниот ваков немил настан бил поврзан со 19-годишната Александра Рос-Кинг која го загубила својот живот на фестивалот ФОМО на Парамата кој се одржал на 12-ти јануари.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берејклиен, цврсто се спротивставила на идејата за тестирање на таблетите и покрај зголемениот притисок од здруженијата како што се Кралскиот австралиски колеџ за општа пракса, Здружението за јавно здравје на Австралија и Австралиското лекарско здружение.
Берејклиен изјавила дека за секој експерт кој ја советувал државната влада за тестирање на таблети, “има уште неколку кои велат не “.
Портпаролот на нејзината канцеларија, изјавил за БазФид Њуз дека нема да ги коментира експертите со кои премиерката разговарала за тоа кој се спротивставува на спроведувањето на тестирањето на пилулите.
Во прилог на притисокот од овие медицински организации, стотици демонстранти присуствувале на митингот во центарот на Сиднеј кој што се случил во текот на викендот, повикувајќи ја владата на Нов Јужен Велс да усвои пристап за намалување на штетите, како и да го прифати методот за тестирање на таблетите.
На митингот во Сиднеј, д-р Керин Фелпс, независен член на Вентворт, им порачал на толпата дека континуираното тврдење на Берејклиен дека нема докази за успехот на тестирањето на таблетите е “бесмислица”.
“Во Европа тоа постои уште од 1992 година и во некои земји [тие] сè уште го прават тоа бидејќи гледаат дека тоа функционира”, изјавил Фелпс.
Во моментов постоеле вкупно 14 организации за тестирање на таблети во Европа, секоја со различни технологии за анализа и методи на работа.
Во земјите каде што е прифатено тестирањето на таблети, немало зголемување на употребата на дроги, а хемискиот состав на недозволените дроги имал тенденција да се приближи до она што се очекува од страна на корисниците на дрога, што укажува на тоа дека тестирањето имало влијание врз недозволениот пазар.
Тука прочитајте како тестирањето на таблети е спроведено во дел од европските земји.