Три недели по убиството на сексуален работник во Холбек, во Лидс е решено да се почне со практикување на пилот шема наречена „Храброст“, каде им се овозможува на сексуалните работници/-чки од 19 до 07 часот да работатат на улица без страв од апсење. Со самото тоа се подобрува нивната безбедност и можноста да пријават насилства и кривични дела. Шемата е тестирана од страна на полицијата и локалниот совет.
Советникот Марк Добсон изјавува дека иако шемата не е „универзален лек за сите“ тој нуди прагматичен приод за ова прашање. Советот вели дека планот е подобрена комуникација во самата заедницата, подобрување на безбедноста на сексуалните работници и поголема сигурност и слобода на сексуалните работници да пријават инциденти на малтретирање без да се соочат со обвинување.
Приоритет за пилот шемата „Храброст“ е безбедноста на сексуалните работници. „Нашата работа е да ја одржиме безбедноста и кога луѓето се ставаат во ризични ситуации”, Милер.
Женски припадник на полицијата е специјално обучувана и назначена за да се справи со случаите на сексуални работници и да се грижи за нивната безбедност.
Планот бил критикуван од страна на локалните бизниси, кои велат дека ова би довело до незаконски активности во близина на нивните простории. Пред да почне шемата имало многу поплаки и многу биле ужаснати од идејата дека луѓето ќе имаат секс во нивните автомобили во близина на зградите, и зголемени докази од корисниците на дрога и нивното присуство во околината. Советот вели дека бројот на жалби кои ги добивале претходно во областа е намален откако пилот шемата е воведена.
Извор:rt.com/uk