Мрежата за заштита од дискриминација го објавува новиот „Прирачник за практиката на Европскиот Суд за човекови права за заштита од дискриминација“, кој се однесува на примената на практиките и заштитата од дискриминација.
Целта на овој текст е да ги прикаже поновите случаи за кои Судот има донесено одлуки, а кои се однесуваат на дискриминација врз основа на: род, сексуална ориентација, родов идентитет, здравствена состојба, политичко уверување, етничка припадност, раса и попреченост.
Се надеваме дека студијата ќе биде корисна алатка за адвокатите, судиите, јавните обвинители, правниците и луѓето ангажирани во институциите и граѓанските организации кои се соочуваат со правни прашања поврзани со дискриминација, за тие полесно да можат да ги применуваат стандардите на Судот и истовремено да ги штитат граѓаните од дискриминација.
Авторки на овој прирачник се: Маргарита Глугоровска, правничка и водач на Тим за правна поддршка во ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Александра Цветановска, проектна координаторка и правничка во Македонското здружение на млади правници (МЗМП и Јована Јовановска, правна советничка и проектна координаторка во Хелсиншки комитет за човекови права.
Главна уредничка е Наташа Бошкова, адвокатка и правна советничка во Коалиција Маргини.
Прирачникот е подготвен во рамки на проектот „ЗСЗД под лупа: Следење на спроведувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација“ кој е поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.
Прирачникот е достапен во електронска верзија на: https://bit.ly/2XWfKYT