Целта на Прирачникот за неформално образование за превенција на ХИВ е да обезбеди информации од практичен аспект на едукаторите за пренесувањето на ХИВ кај заедниците под најголем ризик. Прирачникот е наменет за едукација на идни експерти/студенти од областите социјална работа, медицина, полиција и безбедност, психологија, право итн., како и стручниот кадар кој е во директна врска со крајните корисници – лицата под најголем ризик. Овој Прирачник е изготвен за потребите на Летната школа за превенција на ХИВ што се одржа во рамките на Проектот „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“ кој се спроведува во соработка меѓу Република Македонија и Република Косово. Носители на Проектот се Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје од Република Македонија и НГО Лавиринт од Приштина, Република Косово.