Непрофитни организации како Association For Electronic Music (AFEM), Help Musicians UK и Music Support, споделија водич за ментално здравје, фокусиран на електронската музичка индустрија.
Водичот за ментално здравјe фокусиран на електронската музичка индустрија, се базира на водич од 2016 година, од Форумот на Менаџери за музика и дава описи на анксиозност и депресија, како и за тоа како може да се манифестираат. Водичот исто така дискутира за злоупотреба на супстанции и зависност, за балансирање на работата и животот, управување со стресот, синдром на импостер и здрави работни места, плус предлага дополнителни ресурси, организации и читање.
Водичот можете да го прочитате и преземете овде.
Минатата година, истражувањето на дистрибутерот на дигитална музика Record Union покажа дека 73 проценти од независните музичари известуваат дека се борат со нивното ментално здравје.
Погледнете го филмот од 2013 година „Помеѓу удирањата“ со ансамблот Motor City Drum, кој помага да се разбере вознемиреноста и депресија.