Овој Прирачник за ГО за работа со младите и децата во конфликт со законот во Западен Балкан е дел од поширокиот проект за социјално зајакнување на млади изложени на ризик – СЗМИР, финансиран од ЕУ1 . Координаторот на овој проект во траење од речиси 4 години (1 јануари 2016 г. – 30 септември 2019 г.) е НВО Јувентас од Црна Гора, додека партнери на проектот се АРСИС – Социјална организација за поддршка на младите од Албанија, Асоцијација Маргина од Босна и Херцеговина, ХОПС од Македонија, НВО Лавиринт од Косово, Превент од Србија, Schüler Helfen Leben (SHL) фондацијата од Германија.
Оваа група граѓански организации, кои имаат многугодишно искуство во поддршката на младите изложени на ризик за исклучување од општеството, се здружија за да ги подобрат политиките и практиката во институциите и во граѓанските организации во однос на работата со различни групи младинци. Во рамките на проектот, терминот „млади изложени на ризик“ ги вклучува следниве целни групи: млади и деца во конфликт со законот, млади и деца кои употребуваат дроги, млади кои живеат во семејства со историја на конфликт со законот и/или историја на употреба на дроги, деца и млади со искуство на улица, млади Роми и млади кои живеат во алтернативни начини на згрижување. Меѓу проектните активности е усвојувањето на општите препораки и заедничките стандарди за квалитет на социјалните услуги за ГО што работат со младите изложени на ризик за исклучување од општеството во државите од Западен Балкан, како и изработка на шест практични прирачници за услугите за дефинираните целни групи.
Целта на овој Прирачник е да овозможи подобра заштита на децата и младите во конфликт со законот во регионот преку обезбедување услуги со висок квалитет и стандардизирани преку границите. Прирачникот е развиен врз основа на добрите практики во регионот и во светот, а истовремено е применлив во контекст на социјалниот, здравствениот, правниот систем и системите за згрижување во државите од Западен Балкан.
Оваа публикација е усогласена со содржината на општите препораки и на стандардите за ГО што работат со млади изложени на ризик за исклучување од општеството, како и со останатите шест прирачници за услугите за останатите целни групи на проектот што беа развивани паралелно со овие. Главните поглавја на Прирачникот вклучуваат:
» Поимник со дефиниции – ги наведува и ги дефинира главните термини користени во оваа публикација, што се тесно поврзани со децата и младите во конфликт со законот.
» Преглед на состојбата во државите од Западен Балкан, меѓународни обврзувачки документи и национална правна рамка – презентирајќи ја моменталната состојба во регионот и за секоја 1 EuropeAid/150147/DH/ACT/PRAREG. Резиме 8 од државите одделно во однос на работата со млади и деца во конфликт со законот и правната рамка за ваквата работа.
» Општи принципи и вредности – презентирани се принципите, вредностите и условите за однесувањето со конкретни објаснувања за младинските работници од ГО кои работат со деца и млади во конфликт со законот.
» Типови услуги што ќе се даваат од ГО за децата и младите во конфликт со законот – претставен е детален преглед и опис на услугите што може да се даваат на децата и младите во конфликт со законот.
» Процедури и упатства – презентирани се упатства развиени според примери од најдобрите практики во регионот и во светот, применливи во социјалниот, здравствениот, правниот систем и системите за згрижување на деца во државите од Западен Балкан со фокус врз специфична група млади и деца во конфликт со законот.
» Заклучоци и препораки – претставени се главните заклучоци и препораки во однос на ГО што работат со млади и деца во конфликт со законот.
Прирачникот можете да го прочитате на: