Прирачникот содржи информации за меѓународните стандарди, за можните ризици, за општите
принципи и стратегии за работа со деца и со млади кои живеаат во семејства со минато со проблеми
со законот и/или употреба на дрога (понатаму во текстот „целна група“ (ЦГ)).
Прирачникот служи како алатка за давателите на социјални услуги кои работат со млади изложени
на ризик и нуди информации корисни за педагози, за психолози, за социолози, за социјални
работници и за адвокати кои работат со ЦГ (деца и млади кои живеат во семејства со минато со
проблеми со законот и/или употреба на дрога). Примарната цел на прирачникот се невладините даватели на услуги, но корисен е и за државни и
приватни даватели на услуги.
Прирачникот не претставува замена за воспоставените правни или административни документи и
стандарди. Наменет е да послужи како дополнителна алатка за помош за давателите на социјални
услуги во испораката на квалитетни услуги до целната група.
Прирачникот е структуриран во четири главни поглавја применливи за ЦГ. Поглавјето А содржи
информации за меѓународните стандарди и права применливи за ЦГ. Поглавјето Б вклучува анализа
на правната пракса во одделните земји од Западен Балкан. Поглавјето В ги идентификува можните
ризици на изложеност. Во поглавјето Г се претставени основните принципи и стратегии за работа
на случаи со ЦГ. На крај, поглавјето Д нуди можни мерки за подобрување на испораката на
социјалните услуги преку соработка со чинителите. Поглавјето Ѓ содржи детални информации и
насоки за работа со случаите. Прирачникот исто така содржи и Кодекс на однесување за давателите
на услуги, приложен во Прилог А.
Прирачникот е изготвен од НВО Лавиринт во рамките на проектот „Социјално зајакнување на
млади изложени на ризик“, поддржан од Европската Унија, а спроведен од страна на земјите на
Западен Балкан во текот на 45 месеци, од јануари 2016 г. до октомври 2019 г. Проектот е координиран од НВО Јувентас (Црна Гора), со проектните партнери АРСИС (Албанија), Асоцијација Маргина (Босна и Херцеговина), ХОПС (Македонија), НВО Лавиринт (Косово), Превент (Србија) и
Фондацијата СХЛ (Германија). Мрежата на споменативе организации имплементира активности со
цел да придонесе кон активно учество во социјалните процеси на младите од Западен Балкан
изложени на најголем ризик од социјална исклученост.