Владата на Република Северна Македонија овозможи шестмесечна финансиска поддршка на Здружението ХОПС- Опции за здрав живот Скопје за превенција од КОВИД 19 помеѓу лица кои употребуваат дроги, сексуални работници и нивните семејства.
Преку овој проект започнаа да се спроведуваат два вида на активности: едукативно- информативни и обезбедување на хуманитарна материјална помош за луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници и нивните семејства.
Со овие активности ќе се овозможи подобрување на нивото на информирање и значење на начините на превенција од КОВИД 19 преку делење на информативни материјали и директни совети на целните групи и подобрување на социо-економската состојба за справување со последиците во време на пандемија кај лицата кои употребуваат дроги, сексуалните работници и нивните семејства преку делење на хуманитарни пакети со неопходни прехрамбени и хигиенски продукти.
Активностите се веќе во тек и истите ќе се реализираат заклучно со месец декември 2020 година.