Платформата за родова еднаквост, мрежа од здруженија кои работат на унапредување на родовата еднаквост и организаторки на протестите за случајот „Јавна соба“, на 17.2.2021 (среда) со почеток од 10 часот пред Министертсвото за внатрешни работи (главниот влез на ул. Димче Мирчев) ќе одржи прес-конференција.
Бидејќи сѐ уште чекаме надлежните институции да преземат мерки за санкционирање на сите сторители во случајот „Јавна соба“, на прес-конференцијата ќе упатиме конкретни барања до министерот Оливер Спасовски. Очекуваме Министерството за внатрешни работи да испорача конкретни резултати, кои ќе ни покажат дека нашите барања за заштита на жртвите на родово засновано насилство започнале да се реализираат, со рок до 8ми март.
Приклучете ни се на прес-конференцијата, за заеднички да побараме конечно санкционирање на сите сторители во случајот „Јавна соба“, професионален однос на полицијата, доследно спроведување на мерки за превенција и заштита на жените жртви на родово засновано насилство.