Безбедноста на младите во ноќниот живот е тема од исклучителна важност за повеќето млади лица но за жал многу често знае да биде занемарува. ХОПС – Опции за здрав живот Скоје долги години фокусот на своите проекти и програми го насочува кон системски пристап на ова прашање поврзано со младите.
Затоа со задоволство ве известуваме дека ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, во рамки на проектот “Млади за млади, заедно да работат”, организира прес конференција и тркалезна маса за промоција на извештајот за безбедноста на младите во ноќниот живот.
Прес конференцијата ќе се одржи на 21 февруари 2024 година, во просториите на Јавна Соба, со почеток во 10:30 часот. На оваа конференција за медиуми, ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето за безбедноста на младите во ноќниот живот.
Од 11 до 13 часот истиот ден, ќе се одржи тркалезна маса, каде ќе биде промовиран и прирачникот за учество во јавни политики, наменет за организации кои работат со млади во ноќниот живот и други маргинализирани млади луѓе.
Проектот „Млади за млади, заедно да работат“ има за цел да ги зголеми капацитетите и компетентноста на регионалните младински организации, кои работат со млади луѓе учесници во ноќниот живот и/или користат дроги, како и млади луѓе во ризик. Целта е нивното учество во младински политики и застапување за реформа на јавната политика.
Како столб на овој проект беше размената на знаења и искуства помеѓу три организации кои работат со слични теми на регионално ниво – НВО Ре Генерација од Белград, Тера здружението од Риека и организацијата ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Агендата за настанот е достапна (овде).
Вашето присуство може да го пријавите на bogdank@hops.org.mk.
Проектот е финансиран од Европската Унија. Изразените ставови и мислења се на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите и мислењата на Европската унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив.
