Доколку сте корисник на дроги треба да преземете дополнителна грижа за вашето здравје и благосостојба во екстремни студени временски услови.
Еден начин да се прилагодите на климатските промени е да знаете како да се грижите за себе и за другите за време на студ и ниски температури.
Вашето здравје е на прво место:
- Останете во затворени и затоплени простории за време на екстремен студ, особено по земање на дрога.
- Секогаш контактирајте го вашиот лекар ако физички и психички не се чувствувате добро.
- Дрогите може да влијаат на вашата телесна температура. Употребата на дрога може да доведе до хипотермија, а тоа да доведе до појава на нејасен говор, замор, губење на меморијата, тресење, вкочанетост, промени во дишењето, промена на отчукувањата на срцето и крвниот притисок.
- Намалувањето на употребата на дроги во екстремно ладни временски услови треба да се одвива само под медицински надзор.
- Ако сте зависни од лекови (особено опијати или бензодиазепини), немојте да престанете со земање на лековите одеднаш без медицинска помош.
- Метадон: ако сте на терапија со метадон под медицински надзор и екстремното ладно време влијае на вашата способност за пристап до лекови, обратете се кај вашиот матичен лекар.
- Проверете ги условите каде ги чувате препишаните лекарства. Избегнувајте да ги оставате на многу влажни и студени места.
- Ако не можете да го избегнете излегувањето надвор, внимавајте на заледени и влажни површини, особено по земање на дроги.
Облечете се топло:
- Облечете неколку слојна гардероба. Топла и водоотпорна јакна, хулахопки, дебели или два пара чорапи. Носете капа, ракавици, шал и обувки за снег. Ако сте мокри, што поскоро променете ја гардеробата со сува.
Одржете ја топлината во просториите:
- По миење наутро, исушете се веднаш и облечето се топло.
- Користете ќебиња, и со уреди за греење одржете ја топлината во просториите.
- Блокирајте ги местата на прозорите и вратите каде влегува студ.
Ако сте земале дроги:
- Внимавајте при користење на греалки.
- Наполнете шишиња со топла вода и доближете ги до телото.
- Не се туширајте и бањајте со многу топла вода.
Храна и пијалок:
- Купете храна со долг рок на траење, храна која е лесна да се направи – сушена / конзервирана храна и замрзнати готови јадења.
- Пијте топли и безалкохолни течности редовно, како чај и супа.
- Ако користите дроги неколку пати на ден, венсувајте храна и течности кога ви одговара, но никако да не заборавите да консумирате храна.
Парите се важни:
- Чувајте итен резервен фонд за непредвидливо студено време.
- Редуцирајте ги трошоци за дроги во екстремно ладно време за да имате за храна, облека, електрична енергија, греење и телефон.
Задржете контакти и информирајте се:
- Изолирање во екстремен студ може да направи да се чувствувате лошо и да ве доведе до почеста конзумација на дроги.
Одржете ги секојдневните контакти со пријателите,семејството и социјалните работниците.
- Вклучете го телевизорот или радиото за информирање.
- Помислете на луѓе кои се ранливи. Помислете на некого кој можеби ќе му треба поддршка? Јавете се и пратете му порака.
- Дознајте за локации каде некој или вие ако се затекнете каде може да преноќите на топло.
Ако сте без покрив над главата:
- Не спијте на бетон.
- Замолете го социјалниот работник за засолниште и храна.
- Избегнувајте земање дрога на отворено во екстремен студ. Дрогите оневозможуваат да ја регулираш температурата.
За повеќе информации јавете се во дневните центри на ХОПС:
- Дроп ин центар во Кисела Вода (Дуња), од понеделник до петок, 10 – 14 часот, тел. број 02/3130-058
- Дроп ин центар во Шуто Оризари секој работен ден, 10 – 14 часот, тел. број076/631-635
- Теренски тим: 075/769-948
ЛОКАЦИИ каде може да се обратите за помош: ➡Скопје: 071 733 171 / 071 411 908 / 071 261 778 ➡Битола: 070 791 770 / 071 397 272 / 071 397 875 ➡Струмица: 070 381 660 ➡Струга: 070 317 612 / 046 781 733