Доколку сте корисник на дроги треба да преземете дополнителна грижа за вашето здравје и благосостојба во екстремни студени временски услови.
Еден начин да се прилагодите на климатските промени е да знаете како да се грижите за себе и за другите за време на студ и ниски температури.
Вашето здравје е на прво место:
- Останете во затворени и затоплени простории за време на екстремен студ, особено по земање на дрога.
- Секогаш контактирајте го вашиот лекар ако физички и психички не се чувствувате добро.
- Дрогите може да влијаат на вашата телесна температура. Употребата на дрога може да доведе до хипотермија, а тоа да доведе до :
– Појава на нејасен говор, замор, губење на меморијата, тресење, вкочанетост, промени во дишењето, промена на отчукувањата на срцето и крвниот притисок.
- Намалувањето на употребата на дроги во екстремно ладни временски услови треба да се одвива само под медицински надзор.
- Ако сте зависни од лекови (особено опијати или бензодиазепини), немојте да престанете со земање на лековите одеднаш без медицинска помош.
- Метадон: ако сте на терапија со метадон под медицински надзор и екстремното ладно време влијае на вашата способност за пристап до лекови, обратете се кај вашиот матичен лекар.
- Проверете ги условите каде ги чувате препишаните лекарства. Избегнувајте да ги оставате на многу влажни и студени места.
- Ако не можете да го избегнете излегувањето надвор, внимавајте на заледени и влажни површини, особено по земање на дроги.
Облечете се топло:
- Облечете неколку слојна гардероба. Топла и водоотпорна јакна, хулахопки, дебели или два пара чорапи. Носете капа, ракавици, шал и обувки за снег. Ако сте мокри, што поскоро променете ја гардеробата со сува.
Одржете ја топлината во просториите:
- По миење наутро, исушете се веднаш и облечето се топло.
- Користете ќебиња, и со уреди за греење одржете ја топлината во просториите.
- Блокирајте ги местата на прозорите и вратите каде влегува студ.
Ако сте земале дроги:
- Внимавајте при користење на греалки.
- Наполнете шишиња со топла вода и доближете ги до телото.
- Не се туширајте и бањајте со многу топла вода.
Храна и пијалок:
- Купете храна со долг рок на траење, храна која е лесна да се направи – сушена / конзервирана храна и замрзнати готови јадења.
- Пијте топли и безалкохолни течности редовно, како чај и супа.
- Ако користите дроги неколку пати на ден, венсувајте храна и течности кога ви одговара, но никако да не заборавите да консумирате храна.
Парите се важни:
- Чувајте итен резервен фонд за непредвидливо студено време.
- Редуцирајте ги трошоци за дроги во екстремно ладно време за да имате за храна, облека, електрична енергија, греење и телефон.
Задржете контакти и информирајте се:
- Изолирање во екстремен студ може да направи да се чувствувате лошо и да ве доведе до почеста конзумација на дроги.
Одржете ги секојдневните контакти со пријателите,семејството и социјалните работниците.
- Вклучете го телевизорот или радиото за информирање.
- Помислете на луѓе кои се ранливи. Помислете на некого кој можеби ќе му треба поддршка? Јавете се и пратете му порака.
- Дознајте за локации каде некој или вие ако се затекнете каде може да преноќите на топло.
Ако сте без покрив над главата:
- Не спијте на бетон.
- Замолете го социјалниот работник за засолниште и храна.
- Избегнувајте земање дрога на отворено во екстремен студ. Дрогите оневозможуваат да ја регулираш температурата.
За повеќе информации јавете се во дневните центри на ХОПС:
- Дроп ин центар Шуто оризари: 076/631 635
- Теренски тим: 075/769 948
ЛОКАЦИИ каде може да се обратите за преноќување и помош.
- Просториите на ЈП Паркинзи на општина Центар на бул. Гоце Делчев 14, кај катната гаража помеѓу Кривичниот Суд и МРТВ.
Телефон за контакт: 070/227 901
- Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје лоциран во Момин Поток нуди 24 часовно згрижување на лицата кои имаат потреба од згрижување.
Телефони за контакт: 02/3139 578 или 071/733 171.