Книга
Давид Џеј Браун
Новата наука на психоделијата: Поврзаноста на културата, свеста и духовноста
David Jay Brown
The New Science of Psychedelics: At the Nexus of Culture, Consciousness, and Spirituality
Самата книга е широка дискусија за различните, за масивните улоги на психоделиците, која одигра и сè уште игра голема улога во модерната култура. Авторот преку своето лично искуство гласно говори за моќта на психоделиците, за нивното значење во медицината и во лекувањето на одредени болести, за длабокото себепронаоѓање, за креативноста под дејство на психоделици, за духовноста. Браун слободно прикажува за средби со вонземјани, за психоделичниот секс, за парапсихологијата, за свеста по смртта. Многу луѓе се плашат да зборуваат гласно за стравот и за предизвикот и да излезат од затворениот круг на психоделиците поради културните и законските нормативи против употребата на дрога. Доколку има повеќе вакви книги и ако повеќе луѓе се охрабрат да зборуваат отворено, легалниот статус за психоделиците можеби би се променил, а со тоа можат да се случат посериозни истражувања за овие супстанции и за нивната употреба. Така ќе може да се даде одговор на критичките прашања како што се: смртноста, пострауматските стресни нарушувања, депресијата и креативниот процес. Книгата открива што можеме да научиме од психоделиците за самите себе, како и за светот што нè опкружува. Браун исто така прикажува како психоделиците нè подготвуваат за светови надвор од нашиот Сончев Систем.
Филм
Паника во паркот на иглите, режија Џери Шатцберг
The Panic in Needle Park, directed by Jerry Schatzberg
Паника во паркот на иглите е филм за времето кога хероинот започнал да се шири во Њујорк. Иако дрогата била секогаш присутна таму, сепак не била толку широко распространета сѐ до револуцијата на контра културата во 60-тите години на ХХ век. Филмот ги претставува вознемирувачките погледи на луѓето кои живеат и се загубени на маргините на светот. Локациите на кои е снимен филмот ја прикажуваат темната страна на градскиот живот, смрдеата од метрото, како и темната страна на паркот Шерман, познат и како Паркот на иглите (Needle Park). Паника во паркот на иглите е вознемирувачки прекрасно дело. Бескомпромисната мрачна визија, претставена од Шатцберг, кој со употреба на импровизација и со прикажување на вистината ве прави да се чувствувате како да сте таму, на валканите улици заедно со протагонистите. Тој не го романтизира тешкиот живот, ситниот криминал на Боби, проституцијата на Хелен, деструктивната врска и токсичното опкружување во драмата на младите зависници од хероин. Ги опсервира неолитските ходници и непривлечните кафулиња со една груба и сурова фасцинација, ги открива економските, легалните и моралните стапици во кои паѓаат зависниците и не ја билда појавата за неговите карактери и нивните дилеми со социолошки аматеризам. Тој не ги пофалува ниту пак ги критикува ликовите и одбива да ги осудува и да ги сожалува..