Филм: Руски документарен филм #NonExistentWeExist за рускиот активизам и ХИВ-вирусот (Режија: Игор Коузменко, Украина, 51,44 мин., 2019 година)
Со оглед на репресивната влада, руските организации за намалување на штети од употреби на дрога и организациите за правна помош работат на ставање крај на ХИВ-вирусот во една од ретките земји во светот каде што бројот на новите инфекции се зголемува. Овој документарен филм, насловен #NonExistentWeExist, ги претставува сервисите за услуги кои работат со – и честопати се и самите – луѓе кои користат дроги, нудат сексуални услуги, се ХИВ-позитивни или се квир или транс личности. Луѓето кои ги споделуваат овие искуства се таргетирани од државните политики преку политиките како што се, на пример: забраната за супституциски третмани , регистри со лица кои употребуваат дроги и се носители на ХИВ и закони за „геј пропаганда“.
#NonExistentWeExist, како што го носи својот наслов, истовремено повикува на песимизам и на оптимизам. Полицијата е рамнодушна кон вознемирувањето и злоупотребата врз сексуалните работници, а корисниците на дрога се соочуваат со непријателски дилери на дрога на секој чекор. Кампањите за превенција содржат постери со кои повикуваат активистите да се стави крај на ХИВ-ерата, но докажаните методи за намалување на ризикот од пренесување на ХИВ како стерилната опрема за инјектирање и грижа за луѓето кои се ХИВ-позитивни, како што е антиретровирусната терапија, продолжуваат да бидат недостапни во оваа земја.
Филмот, копродуциран од канадска правна мрежа за ХИВ/СИДА, исто така нуди една илустрација за тоа како луѓето, и покрај директното влијание на државната „наркополитика“, пронаоѓаат начини да се поддржуваат и да се грижат еден за друг. Филмот завршува со цитатот што ја доловува тензијата во работата на руските намалувачи на штети: „Вршете ја својата должност и што и да биде, ќе биде“
(извор: < https://www.youtube.com/watch?v=jRIPIrrS-Fw&feature=emb_title >).
Книга: Светот на дрогата. Авантури во земјата на дрогата од Нико Воробиов (Niko Vorobyov, Dopeworld. Adventures in Drug Lands, Hodder & Stoughton, 2019)
Нико Воробиов е поранешен дилер на дрога кој, откако поминал време во затвор,
се заинтересирал за историјата на легални и нелегални дроги. Продавал екстази во Лондон, крек во Лос Анџелес, ЛСД во Токио, пушел хероин во Софија, готвел кокаин во Меделин, земал опиум во Техеран. По ова искуство Нико смета дека сите дроги треба да бидат легализирани. Всушност, земјите каде што дрогата како хероин и кокаин се декриминализирани имаат тенденција да имаат пониски стапки на криминал и злоупотреба на дрога. Нико посочува и нешто што повеќето црно-кафени луѓе низ целиот свет веќе го знаат, законите за дроги имаат тенденција да бидат расно мотивирани.
Книгата е смешна и информативна во секој поглед. Интересен е моментот дека во 20-тите години на 20 век алкохолот е нелегален, но хероинот и опиумот биле легални.