Филм: „Земете ги вашите апчиња“ од Алисон Клејман, 2018 г. (“Take your pills”, Alison Klayman 2018)
Додека злоупотребата на опиоиди и на алкохол доминира во медиумите, веќе рекорден број на студенти започнуваат да ги користат адералот и стимулативните дроги за време на нивното школување. Новиот документарец на Нетфликс, „Земете ги вашите апчиња“, ја истакнува епидемијата на злоупотреба на стимулативните дроги со која се соочуваат САД. Преку референци на поп-културата, воодушевувачки цртани анимации и интервјуа со истражувачи, документарецот пренесува што значи да се биде човек.
Адерал и риталин се стимулативни дроги кои влијаат на нивото на допамин и на адреналин во мозокот, најчесто се поврзани со АДД и со АДХД. Но, дрогите ги користеле и ги злоупотребувале студенти, џез- -музичари, познати личности, па дури и аналитичари од Вол стрит за да го постигнат она што изгледа недостижно. Според документарецот, употребата на стимуланси е значително популаризирана во изминативе 10 години преку поп-културата.
Една од предностите на „Земете ги вашите апчиња“ е реалната слика на притисоците што постојат во 21 век. Живееме во хиперконкурентско општество каде што поединците се фокусираат на
успехот и на надминување на своите врсници. Многу луѓе ги гледаат стимулансите како неодржлива мерка за совршенство, достигнување супер оцени и добивање работни позиции. Додека документарниот филм прикажува многу од опасностите кои ги предизвикува адералот, меѓу кои зависност и разни кардиоваскуларни проблеми, тој исто така истакнува некои од придобивките на овие дроги преку различните мислења на лекарите и на пациентите.
Филмот исто така многу добро успева да ги визуелизира податоците преку анимации и факти за поп-културата. На пример, има анимација за откритието на риталин, именувано по „Рита“, сопруга на
креаторот на дрогата. Додека анимациите на почетокот навидум изгледаат детски, тие ефикасно ја поедноставуваат темата и ја прават разбирлива за гледачот. Истакнувајќи ја употребата на адерал во поп-културата, филмот исто така покренува прашања во врска со нормализацијата на
стимулансите.
Употребата на амфетамин во голема мера влијаела на звукот, на ритамот и на расположението на џез-музичарите во 30-тите години на минатиот век. Во 60-тите години на минатиот век, Џек Керуак, Ален Гинзберг и други писатели се потпирале на брзината. И „Битлси“ користеле „штитници“ – или фенметразин – за да се справат со нивните долги патувања. Дури и во светот на забавата адералот ужива своевиден углед и тој се појавува во сериите како „Силиконска долина“ (Silicon Valley) и „Девојки“ (Girls), па дури и во рап-музиката.
Заедничкото и конзистентно портретирање на овие дроги преку телевизијата и музиката не само што создава чувство на нормалност туку и на некој начин ги елиминира недостатоците и несаканите ефекти од нивното користење. „Земете ги вашите апчиња“ покренува прашања што предизвикуваат да размислувате во врска со стигмата поврзана со дрогите. Дали поединците што редовно ги користат треба да се сметаат за помалку вредни? Или најважно, што претставува „рамномерно играчко ниво“ во општеството? „Земете ги вашите апчиња“ покренува круцијални прашања во врска со човечката психа и состојбата за кои штотуку почнуваат истражувачите да одговараат.
Книга: „На пат“ на Џек Керуак
„На пат“ ја раскажува провокативната приказна за Сал Передајс, млад писател чиј живот е разнишан и на крајот е редефиниран по пристигнувањето на Дин Моријарти, слободоумен, бестрашен и дрдорлив човек од Западот, и неговата девојка Мери-Лу. Нивните патувања се состојат од сцени од рурална пустина, заспани мали градови, урбани џунгли, бескрајни пустини – сите поврзани со патот, излез на желбата на една генерација и внатрешна потреба да се излезе, да се пробие затворањето и да се најде слобода ослободена од која било повисока верба, поим или идеологија.
Очајот и недостигот на исполнетост ги тера овие млади да чувствуваат дека единствената работа што треба да ја направат е да одат на пат барајќи ја нивната лична слобода и наоѓањето задоволство во сексот, дрогата и џезот. „На пат“ е роман на искуство, тој раскажува приказни за лудило што ги играат сите видови чудни карактери, со различни вредности. Она што ги поврзува овие авантури е одбивањето на ликовите да го пропуштат животот и нивната решеност да го извлечат максимумот од сега. Книгата е преведена на македонски во 2010 година од издавачката куќа „Три“.
Подготвила: Ирена Јовановска