Книга
Нешто за викендот: Животот во подземјето на кемсекс (chemsex) од Џејмс Вартон
Something for the Weekend: Life in the Chemsex Underworld by James Wharton
Кога Џејмс Вартон ја напушта армијата има повеќе можности отколку повеќето луѓе за да започне успешен живот – тој има сопруг, две кучиња, два автомобила, убава куќа на село и договор за книга.
Една година подоцна тој нема партнер, живее во една соба и се обидува да се прилагоди на животот на еден геј самец во главниот град. Во потрагата по нови пријатели и потенцијални љубовници, тој се вовлекува во лондонската сцена на дроги, навлечен на забави и феноменот наречен кемсекс (chemsex).
Истражувајќи го своето патување низ овој мрачен, но, популарен свет, Џејмс ги разгледува мотивирачките фактори кои го довеле до оваа култура, како и патиштата на другите. Тој ги открива вистинските искуства на илјадници луѓе за време на викендите додека мнозинството спие, како и начинот на кој модерната технологија им овозможува да се организираат, да се сретнат, да се снабдат со дрога и да поминат часови, честопати и денови зад затворени завеси, со странци и во состојба на голем сексуален набој.
Нешто за викендот дава сочувствителен поглед кон растечката култура која сега е поместена и надвор од границите на Лондон и веќе е дефинирана како нешто поголемо од краткотрајно лудило.
Филм
Кемсекс (Chemsex), во режија на Вилијам Фермен и Макс Гогарти
Chemsex, directed by William Fairman and Max Gogarty
Снимен во скриени подруми, спални соби и барови низ Лондон, Кемсекс е документарен филм кој на искрен и интимен начин разоткрива една темна страна на модерниот геј-живот. Патувајќи низ подземјето на интравенозна употреба на дроги и забави кои се одвиваат преку целиот викенд, Кемсекс ја раскажува приказната за неколку мажи кои се обидуваат да извадат жива глава од “сцената” и за еден здравствен работник кој има мисија да ги спаси. Додека општеството ја врти главата, овој моќен и непоколеблив филм открива група на мажи кои се борат со ХИВ, зависноста од дрога и барањето на прифаќање во светот кој се менува.