Книга: „Напушете го народот: Иднината на легалната марихуана во Америка“ од Брус Баркот (Weed the People: The Future of Legal Marijuana in America – Bruce Barcott)
Легализацијата на канабисот е следниот голем пресврт на историјата. Можеби најдемонизираната супстанција во Америка, научно позната како канабис сатива, едноставно многу брзорастечка билка која напредувала како најпопуларна нелегална дрога кај нацијата. Сега плимата е променета: во 1996 година Калифорнија го донела првиот закон за медицински канабис во САД, кој им дозволувал на пациентите да одгледуваат и да користат канабис со дозвола на лекар. До 2010 година, дваесет држави и округот Колумбија ги усвоиле законите за медицински канабис. Во 2012 година, државата Колорадо и Вашингтон усвоиле мерки за легализација на канабисот за возрасни на возраст од 21 и повеќе години. Големината на промената во односот на Америка со канабисот не може да се мери само во економски или социјални термини: овде се случуваат подлабоки промени − културни престројувања, социјални прилагодувања и финансиски прилагодувања. Местото на канабисот во животите на луѓето се преиспитува и се рекалибрира. Четири децении откако Ричард Никсон објавил војна против дрогата, таа долга кампања достигнала точка на исцрпеност и на неуспех. „Напушете го народот“ ќе ги однесе читателите половина чекор во иднината.
Филм: Позелена трева/Grass is Greener
Во илјада и деветстотите години, канабисот влегол на американскиот пазар од Њу Орлеанс, Луизијана и Ел Пасо, Тексас. Наскоро станува популарен меѓу Афроамериканците и Мексиканците на Америка и почнува да ги обликува американската културна формација, ноќниот живот и уметничката сцена. Во исто време е организирано прохибиционистичко движење со стратегија на војна и лажни вести против дел од американскиот народ.
Филмот е во режија на Феб Фајф Фреди, за потеклото на канабисот во САД и противречностите развиени од таму. Ја открива американската историја на канабисот преку историјата на легендите како Боб Марли, Луис Армстронг, Дјук Елингтон, Снуп Дог и многу други. Тоа е прослава на големината на наследството на канабисот за џезот, хип-хопот и светската музика.
Овој документарец нуди софистицирана интерсекциска дебата за војната против дрогата. Се дискутира за забраната на канабисот како клучна компонента во угнетувањето на обоените луѓе, жените и антивоените движења во текот на 20 век. Ги открива неправдите кои се прават под името забрана до денес и како „риферското лудило“ ги зафати САД. Документарецот е достапен на Нетфликс (https://www.netflix.com/nl-en/title/80213712).