Веќе некое време во Велика Британија се продава Налоксон кит на центрите кои нудат услуги поврзани со употреба на дрога, но сега се преминува на поинаков чекор каде Налоксон ќе биде достапен директно за индивидуи кои што се подобни, односно за лица кои што може да дојдат до предозирање.
На овој линк: http://bit.ly/2oyJpaO има краток онлајн тренинг кој што им овозможува на луѓето да добијат информации за тоа што го добиваат, каде и на кој начин да го употребуваат и дали ги имаат потребните квалификации за да го добијат.
Prenoxad е комплет со налоксон со претходно наполнет шприц за враќање од предозирање со опијат. Се испорачува во удобен комплет кој ја вклучува и иглата. Оваа услуга можат да ја користат поединци над 16 години и само во Велика Британија. Потребата од имање на кит со себе е заради спасување на човечки живот во итни случаи изложени на ризик од предозирање со опијати. Одредени луѓе го имаат зошто се сведоци на предозирање со опијати и имаат завршено онлајн курс и се стекнале со “сертификат“ за препознавање на предозирање со опијати.
За во Македонија и ситуацијата на Налоксонот прочитајте овде: Дали е доволно достапен Налоксонот во Македонија?