Театар „Златен Елец“:„Кенди“ е дуодрама во која зборуваме за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубовна врска постепено се изобличува, станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот и траумите.
Приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги и останатите маргинализирани заедници. Најзначен фактор кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.
Режија и адаптација: Тамара Стојаноска
Играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски
Музика: Лука Тошев
Вокал и укулеле: Лео Поповиќ
Дизајн на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Дизајн на светло: Ерик Омераѓиќ
Продукција: Театар „Златен Елец“ Скопје
Проектот е во соработка со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Театар „Златен Елец“.
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје е здружение на граѓани што од 1997 година активно ги спроведува своите програми и активности во Скопје и даде поддршка за отварање на програми во останатите градови во Северна Македонија. Во 1997 година првпат ги воведе програмите за размена на опрема за инјектирање во Северна Македонија, со цел превенција на ХИВ, Хепатитис и други крвно и сексулано преносливи инфекции помеѓу корисници/чки на дроги и нивните семејства, а три години подоцна, во 2000 година, почна со имплементација на првата програма за поддршка на сексуални работници/ чки во Скопје. Оттогаш наваму успешно развива и спроведува програми за намалување штети од употреба на дрога, превенција на ХИВ и други сексуално и по крвен пат преносливи инфекции, како и програми за социјално вклучување на ранливите и маргинализираните заедници во Република Македонија.
За повеќе информации, прашања, поддршка за луѓе кои употребуваат дроги и за нивните семејства, поддршка за сексуални работници и за нивните семејства, поддршка за деца кои употребуваат дроги, ресоцијализација и рехабилитација, информации за клиенти и правна помош: www.hops.org.mk или тел +389 (0) 2 3246205 (административна канцеларија) и еmail: hops@hops.org.mk
🎫Билетите по цена од 300 денари може да се купат на билетара на МКЦ и онлајн на: https://mkc.mk/event/kendi/
Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.