Правните рамки дизајнирани за контрола и регулирање на сексуалната работа претрпеа големи трансформации во последните три децении во Централна Источна Европа и Централна Азија (ЦЕЕЦА). Овие промени главно се должат на турбулентни политички настани кои ја дефинираат модерната историја на регионот, како што се распаѓањето на Советскиот Сојуз и Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Дополнително, во 2004, 2007 и 2013 година единаесет земји од Централна и Источна Европа се приклучија на Европската унија (ЕУ), со обврска да се усогласат со законодавството на ЕУ и препораките за политика. Овие политички поместувања доведоа до зголемена миграција од исток кон запад и мобилност на сексуалните работници и нови заложби и внимание на политиката кон родовата еднаквост во регионот. Прашањата на сексуалната работа, миграцијата (за сексуална работа) и трговијата со луѓе оттука се наметнати во првите редови на меѓународните, европските и националните јавни дискурси и креирање политики.
Земјите во регионот ЦЕЕЦА се справуваат со сексуалната работа на различни начини, во голема мера поради различните социо-политички средини, различните истории на правните пристапи кон сексуалната работа и недостатокот на обврзувачко меѓународно право што ги води државите во нивното донесување закони. Поради тоа современите политики за сексуална работа во регионот имаат бројни сличности, но и огромни разлики.
Овој брифинг-труд има за цел да ја потенцира различноста во справувањето со сексуалната работа од земјите во регионот. Примарниот извор на податоци врз кој е изграден овој труд е информацијата обезбедена на локалните контексти од страна на организациите-членки на Мрежата за застапување на правата на сексуалните работници (SWAN) од Русија, Украина, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Грузија, Северна Македонија, Унгарија, и Словачка. Дополнителни информации за правните рамки за сексуална работа се дадени за Албанија, Хрватска, Србија, Словенија, Чешка, Грција, Турција и Романија врз основа на неодамна објавените студии и извештаи во темата.
Трудот е достапен за читање и преземање на англиски и руски јазик.