IDUIT издаде практичен водич за асистенција при интервенции. Оваа алатка содржи практични совети за спроведување на ХИВ и хепатитис Ц програми за и со луѓе кои што инјектираат дроги. Програмите за базирани на препораки од WHO, UNODC, UNAIDS, каде техничко упатство инфомира како земјите да постават цел за универзален пристап до превенција на ХИВ, третман и грижа за луѓето кои инјектираат дроги и ревизијата за 2012 и Консолидиран водич за превенција на ХИВ, дијагнози, третман и грижа за клучната популација.
Темите кои што се опфатени вклучуваат подобрување на заедницата, вклучување и градење на капацитетите на организациите и мрежи на луѓе кои што инјектираат дрога, легални реформи, човекови права и решавање на стигма и дискриминација, здравствени и услуги за поддршка за сеопфатен пакет за интервенција за намалување на штети, испорака на услуги, вклучување на самите луѓе кои што инјектираат дроги како дел од персоналот и ПР теренски работници и управување на програмата. Оваа алатка исто така содржи и примери на солидни практики од целиот свет кои што можат да се употребат за поддршка при правењето на планот за програма и услуги заедно со луѓето кои што инјектираат дроги.
Оваа алатка е наменета за јавни и здравствени службеници, менаџери на ХИВ програми како и програмите за намалување на штети, невладин сектор, вклучувајќи ја самата заедница како и граѓански организации и здравствени работници. Исто така оваа алатка може да биде од интерес и на меѓународни агенции за финансирање, здравствените политики, креатори и застапници.
Алатката за имплементирање на овие програми е позната неофицијално како IDUIT и е трета по ред на алатки за спроведување на ХИВ програми со клучната популација. Други публикации содржат спроведување на програма за сексуални работници (SWIT), објавени од Светската здравствена организација (2013), алатка за програма за мажи кои што имаат секс со мажи (MSMIT), објавена од здравствениот фонд на Обединети Нации (2015), и алатка за трансродовите лица (TRANSIT), објавена од Програмата за развој на Обединети Нации (2016).
ПДФ документот кој може да го прочитате.
Извор: http://www.inpud.net