Во 2015 година, појавата на ХИВ била идентификувана меѓу луѓето кои инјектирале дрога во областа Глазгов и Клајд во Шкотска, област која дистрибуира повеќе од еден милион игли и шприцеви годишно. Ова бил најголем ваков инцидент во Велика Британија во последните 30 години. Во ова истражување се нуди епидемиолошка анализа на влијанието на појавата на трендовите на преваленца на ХИВ, кај населението и индивидуите и факторите на ризик од животната средина поврзани со инфекцијата.
Помеѓу 2011 и 2018 година, биле анализирани четири просечни, анонимни, био-бихејвиорални истражувања на речиси 4000 лица кои што инјектирале дроги, кои користеле услуги од центрите кои обезбедуваат стерилна опрема за инјектирање во Глазгов и Клајд.
Учесниците биле регрутирани од обучени независни испрашувачи, оние кои влегле во анализата биле компатибилни за овие истражувања само доколку имале историја со употреба на дрога со инјектирање, било тековно (во последните 6 месеци) или историски. Испрашувашчите им поставувале на учесниците прашања во врска со демографијата, однесувањето и користењето на услуги, воедно било побарано и да дадат примерок од крв, која бил тестирана анонимно за присуството на вируси во крвта.
Она на што најмногу се фокусирале е ХИВ статусот.
И покрај високата покриеност на програмите за намалување на штети, Глазгов доживеал брз пораст на преваленцата на ХИВ меѓу лицата кои што инјектирале дроги, а оваа ситуација била поврзана и со бездомништво, издржување на казна затвор и трендот на инјектирање со кокаин. Силниот надзор преку редовно ХИВ-тестирање на високо-ризични популации е од клучно значење како би се осигурале дека е откриена појава на епидемии, а брзите одговори се информации од најдобрите достапни докази.