Почитувани,
Ве известуваме дека во склоп на хуманитарниот настан „Која пудра најдобро покрива модрици?“ на 01.06.2019 (сабота) со почеток во 9 часот во “Мондано спортски центар” ќе биде одржан хуманитарен турнир во мал фудбал и баскет, со цел прибирање средства за насилство против жената. (Спортскиот центар “МОНДАНО” се наоѓа во склоп на гимназијата Јосип Броз Тито, во центарот на Скопје на улица “Димитрија Чуповски” бр.25)
Котизација од екипа за фудбал: 2000 денари (највеќе 16 екипи) .
Котизација од екипа за баскет: 1000 денари (највеќе 16 екипи)
Повеќе информации и пријавувањето на екипи за мал фудбал и баскет може да го направите на следниот начин:
- Лично во Мондано спортски центар или на тел: 078/308-892 – Кире
- На тел број: 078/367-127 – Богдан
Пријавувањето е до 15и мај. На сите учесници ќе им биде доделена Благодарница за нивната хуманост и за учеството на хуманитарниот настан.