Во склоп на хуманитарниот настан „Која пудра најдобро покрива модрици?“ на 01.06.2019 (сабота) со почеток во 9 часот во “Мондано спортски центар” ќе биде одржан хуманитарен турнир во мал фудбал и баскет.
Котизација од екипа за фудбал: 2000 денари
Котизација од екипа за баскет: 1000 денари
Пријавувањето на екипи за мал фудбал и баскет може да го направите на следниот начин:
Лично во Мондано спортски центар или на тел: 078 308 892- Кире
На тел број: 078/367-127 – Богдан
Пријавувањето е до 15ти мај.
Турнирите ќе се одиграат во склоп на хуманитарниот настан на ХОПС “Која пудра најдобро покрива модрици” а собраните средства од овој настан ќе овозможат континуирана правна помош и поддршка во случаи на насилство, на жените кои ги користат услугите на ХОПС.
Денот ќе го започнеме со турнири во мал фудбал и баскет, имаме на располагање маса за пинг-понг, организираме базар на креативци и донирани уметнички предмети и предмети изработени од клиенти на ХОПС, имаме ваучери од нашите поддржувачи и донатори за предмети и услуги кои можете да ги обезбедите пред и за време на настанот, продажба на книги и креативни работилници за деца. Настанот ќе го збогати промоција на изданието на Мандали за возрасни на Симона Манчевска, а крајот на денот е резервиран за кароке забава со Огнен Јаневски.
Настанот е поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија .