Меѓународната мрежа на луѓе кои користат дроги, заедно со 188 организации на национално, регионално и меѓународно ниво, поврзани со употребата на дрогите, намалување на штети и политики за дроги, ја повикуваат СЗО и УНОДЦ да ги ревидираат нивните упатства за Меѓународните Стандарди за третмани поврзани со нарушувања од употребата на дроги.
- Трудот содржи многу тврдења кои не се поддржани евидентно или цитирани.
- Фразата “намалување на штети” во целост недостасува од документот.
- Трудот содржи сурови генерализации и многу стигматизирање и патологизирање на тврдењата.
- Трудот содржи бројни импликации дека луѓето кои користат дроги и имаат зависности од дроги се опасни; несигурни; се лоши членови на семејството; се лоши вработени. Tаквите груби генерализации се длабоко стигматизирани и навредливи.
- Трудотт не ја идентификува криминализацијата и забраната како одговорни за штетата поврзана со дрога и штетата поврзана со зависноста од дрога. Наместо тоа, се тврди дека поради тоа што дрогите се штетни, тие се криминализираат, без да се забележи поради тоа што се криминализирани се штетни.
„Упатствата во нивната сегашна форма не се усогласени со сегашните упатства на ОН за намалување на штети, ниту пак се засноваат на докази. Ние сме загрижени дека упатствата за лекување во нивната сегашна состојба ќе промовираат стигма и дискриминација против луѓето кои користат дроги. Ние ја повикуваме СЗО и УНОДЦ да го одложат пуштањето или идното ширење на документот се додека овие недостатоци не се решат соодветно.“ – Сите организации.
Документот можете да го прочитате ОВДЕ.