ХОПС – Опции за здрав живот Скопје по седми пат организира Школа за “ Дроги, политики и практики”. Оваа седумдневна школа ќе понуди мултидисциплинарен пристап за учење за зависноста од дроги, пристап кој ќе ги земе предвид социјалните, медицинските, но и политичките прашања. Целта на школата е да ги едуцира младите стручни кадри за работа на полето на зависноста од дроги. Школата посебно ќе се фокусира на моделите на политика за дроги, третманите базирани на докази, намалување на штети, психосоцијална подршка и концептот на човекови права на корисниците на дроги.
Ве покануваме да земете учество на оваа школа од единствен вид во Македонија.
Со големо задоволство ќе Ве пречекаме во хотел Сириус во Струмица на 30 ноември 2019 година.
Нашата мисија: Промоција, почитување и заштита на човековите права и слободи заради унапредување на здравјето и социоекономскиот статус на сите луѓе, а особено на корисниците на дроги, сексуалните работници и други маргинализирани заедници базирано на принципите за намалување на штети, преку еднаков пристап до сервиси и услуги, зајакнување на заедницата, подигнување на капацитети, истражувања, анализи и застапување.
Критериуми за учество
- Заинтересирани лица на возраст до 35 години кои имаат интерес да учествуваат на школата. Предност ќе имаат следниве пријавени кандидатки и кандидати.
- Дипломирани или студенти од завршна година на студии од:
- социјална работа и социјална политика
- правни студии
- медицински студии
- студии за безбедност, полиција и детективи
- студии за психологија
- Постдипломци од наведените области
- Млади стручни работници кои веќе работат на полето на зависностите
Предавачи
Предавачите ќе бидат искусни практичари, психијатри, доктори, социјални работници и професори од Македонија:
Програма (теми кои ќе бидат опфатени)
- Глобална состојба со дроги во светот и Македонија
- Зошто луѓето употребуваат дроги?
- Дефинирање на проблемот, употреба, зависност од дроги, видови дроги
- Комуникациски вештини
- Лекување на зависноста од дроги
- Намалување на штети од употреба на дроги
- Психосоцијални програми за корисници на дроги
- Родови аспекти во развивањето на програмите за работа со лица кои употребуваат дроги
- Корисници на дроги и човекови права
- ХИВ/СИДА, предрасуди и митови
Сертификат
Сертификат за учество на школата и стекнати знаења ќе добијат сите учесници.
Начин на пријавување
Вашата заинтересираност и мотивираност за учество на школата изразете ја во мотивациско писмо и заедно со Вашата кратка биографија (CV) испратете ги на е-маил: vlatkod@hops.org.mk најдоцна до 20 ноември 2019 година.
Сите трошоци за школата се обезбедени од организаторот.
Рок за пријавување
20 ноември 2019 година
Сите избрани кандидати ќе бидат известени за исходот, по електронски пат најдоцна до 22 ноември 2019 година.