Мрежата за политики за дрога во Југоисточна Европа (DPNSEE), има отворен повик за ангажирање на финансиски и административен службеник и лице за комуникации.
На состанокот одржан на 22 јуни, Бордот на DPNSEE одлучи да ја преструктуира канцеларијата со цел да се подобри ефикасноста на работата, со тоа што сега покрај Извршниот директор, персоналот ќе вклучува:
• Финансиски и административен службеник, од кој се очекува да работи 80% од работното време.
• Лице за комуникации, кое ќе потпише договор за работна позиција или консултантски договор, со вкупно шест работни дена во месецот.
Новите членови ќе бидат ангажирани за периодот септември – декември 2018 година, со потенцијал да продолжат да работат во наредната година.
Ако сте заинтересирани да се придружите на овој мал, но динамичен тим, за поддршка на растечка мрежа која работи со одредена цел, погледнете ги повиците и испратете ја вашата работна биографија и мотивационо писмо на следната адреса: office@dpnsee.org. Апликациите можете да ги испратите најдоцна до 27 август, 12:00 часот.
DPNSEE особено ги поттикнува луѓето кои користат дроги или оние кои припаѓаат на друга ранлива група, да аплицираат за овие работни позиции.
Повикот за финансиски и административен службеник можете да го најдете ОВДЕ.
Повикот за лице за комуникации можете да го најдете ОВДЕ.