ПОВИК за обуки наменети за жени жртви на семејно насилство

0

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во рамките на проектот „ Помош и поддршка на жртви на семејно насилство во пост-кризен период“ поддржан од Владата на Р. Северна Македонија, на ден 09.11.2020г. објавува:

ПОВИК

За обуки наменети за жени жртви на семејно насилство

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ќе организира пакет обуки наменети за жени жртви на семејно насилство, чија главна цел е економско јакнење на жени жртви на семејно насилство кои ја напуштила насилната средина или се во процес на напуштање, и вработување и обезбедување стабилен и долготраен приход на жени жртви кои биле долготрајно невработени, финансиски зависни од насилникот, , немаат сопствено живеалиште или друг недвижен и/или движен имот.

Очекувани долгорочните ефекти од  спроведување на обуките и менторство во процесот на барање работа се превенирање на ризикот од бездомништво и сиромаштија, како и превенирање на од идно насилство кај жените кои ја напуштиле насилната средина односно, да се спречи запаѓање во нова насилна врска или враќање кај насилникот поради економска зависност.

Пакетот обуки содржи 3 тематски области преку кои треба да се обезбеди:

Стекнување на ИТ основни вештини за користење персонален компјутер, лаптоп или таблет како работа со документи и презентации, електронска адреса, интернет пребарувачи;

Времетраење: 2 пати по 4 часа (4 часа на ден) со пауза.

Стекнување вештини за вработување, како интервју за работа, лична биографија и мотивациско писмо, вербална и невербална комуникација, работа во тим, работна атмосфера и односи со работодавач и колеги;

Времетраење: 4 часа со пауза (на ден).

Стекнување основни вештини за раководење со финансии односно раководење со семеен буџет, како распределба на приходите и буџетот, справување со банки, кредити и платежни картички, економично пазарење или месечна потрошувачка кошничка, исплата на редовни или тековни трошоци како режиски трошоци и кирии и слично.

Времетраење: 4 часа со пауза (на ден).

Локација за сите обуки: Канцелариите на Националната мрежа, на Ул. Коста Кирков бр.5/9а (во близна на Драгстор Бети во Центар, Скопје).

  • Ги повикуваме жените жртви на семејно насилство кои имаат потреба од вакви обуки, а се:
  • во социјален ризик и/или
  • ризик од бездомништво и/или
  • долготрајно невработени и/или
  • немаат стабилни приходи и/или
  • немаат сопствен недвижен или движен имот и
  • ја напуштиле насилната средина или се во процес на напуштање,

Да се пријават на  емаил: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk, телефон: 02/6090-066 или на Фејсбук страницата: Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, https://www.facebook.com/glasprotivnasilstvo најдоцна до 13.11.2020г. до 17.00 часот со име, презиме, податоци за контакт и термин за учество на обуките.

Согласно бројот на пријавени учеснички и нивните претходни познавање на тематските области од пакетот обуки, ќе биде организирани групи од по 5 учеснички согласно протоколите за заштита од КОВИД-19.

ВАЖНО:

За сите тематски области има можност за викенд термин или попладневен термин во работен ден, зависно од работните обврски на оние учеснички кои се во моментот вработени.

Националната мрежа ќе обезбеди простор и компјутерска опрема за следење на обуките за сите учеснички, како освежување и закуска за време на паузите.

Дополнително, за учесничките кои ќе имаат потреба од грижа за нивните деца за времетраењето на обуките, ќе биде обезбедена грижа за децата во просториите на советувалиштето за жени и деца жртви на насилство, кое се наоѓа на иста локација како и канцелариите на Националната мрежа.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.