НВО Лавиринт во соработка со здружението „ХОПС – Опции за здрав живот Скопје“ организира петдневна Зимска школа за превенција на дроги и ХИВ, преку проектот „Превенција на ХИВ и употреба на дроги помеѓу граѓаните од пограничните области“.
Зимската школа ќе се одржи во период од 07.03.2016 – 11.03.2016 (понеделник – петок), со што ги покануваме сите заинтересирани кандидати да се пријават за следнава позиција:
- Обучувач.
- Локација на одржување: Приштина, Косово.
- Период на ангажман: еден месец.
- Број на обучувачи: 3.
- Земја на потекло: двајца обучувачи од Косово и еден обучувач од Македонија.
Главни задачи и обврски:
- Главната улога на обучувачитее да спроведат петдневна обука за превенција на ХИВ и употреба на дроги.
- Од обучувачите се очекува:
- Да подготват ppt. презентации и програма за обука,
- Да развијат агенда,
- Да извршат евалуација на прашалници,
- Да одржат петдневан обука за употреба на дроги и превенција на ХИВ,
- Да пополнат листа на работни саати,
- Да подготват извештај од Зимската школа.
Квалификации:
- Завршени додипломски студии во релевантна област (медицина, социјална работа, правен факултет или хуманистички науки).
- Најмалку петгодишно искуство во полето на ХИВ превенција, употреба на дроги и одржување обуки.
- Комуникациски вештини и вештини за интерактивна работа.
- Познавање на организациите од граѓанскиот сектор во Македонија.
- Одлично познавање на македонскиот јазик (пишан и говорен).
- Познавање на англиски и/или албански ќе се смета за предност.
- Искуство во полето на ХИВ превенцијата и употреба на дроги.
Начин на пријавување
- Кратка биографија или CV.
Потребните документи, на македонски или англиски јазик, можете да ги испратите на следнава адреса vaskac@hops.org.mk, најдоцна до 21.02.2016.
Само кандидатите кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат дополнително контактирани.
Нецелосни пријави и пријави пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани
За детален опис на надлежности кликнете тука.