Институтот за општествени и хуманистички науки, Скопје со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna, од септември до ноември 2021, ќе понуди неформални и бесплатни студии од областа на феминизмот, родовите студии и женските студии за секој/а/и заинтересиран/а/и. Целта е академското знаење или теориските идеи кои стојат зад поимот „феминизам,“ како знаење и активистичка пракса, да се приближат на што е поголем дел од населението со посебен фокус на младите жени и девојки, и со што поголема вклученост на сите различности (според етничка припадност, род, различни видови на попреченост, како и економски статус). Нашата намера е она што го предаваме на магистерските студии по род да се приближи, на соодветен и пристапен јазик, до потенцијалните студенти и студентки кои се (можеби) без високо или више формално образование. Со оглед на тоа дека ИОХН-Скопје е вклучен во активистичката сцена, и е искусен организатор на бројни работилници и обуки за невладини организации, вклучително и за неформални групи од руралните области, потфатот да се приближи темелно знаење до девојки, млади жени и пошироко население без академска формација, би требало да биде достижен предизвик за нашите предавачки.
За сите прашања заинтересираните слободно обрататe се на info@isshs.edu.mk ; iskra.gerazova@isshs.edu.mk. Официјалниот повик за пријавување на студенти/ки ќе биде распишан во текот на летотот. Исто така, ве молиме, при изразувањето интерес да наведете дали ви е потребен превод од македонски јазик на албански и/или знаковен јазик.
Срдечно
Искра и Ристе од ИОХН-С