Почитувани,
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ве поканува да апллицирате на повикот за експерт за изработка на Водич за креирање на родово сензитивни програми за намалување на штети од употреба на дроги.
Ова активност е во рамките на проектот “Креирање на родово базирани програми за млади кои употребуваат дроги”.
Проектот е финансиран од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност преку програмата Еразмус +.
Повик
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје објавува повик за експерт за изработка на Водич за креирање на родово сензитивни програми за намалување на штети од употреба на дроги.
Обврски на експертот
- Да подготви структура на водичот
- Да го напише водичот на македонски јазик
- Да го сподели водичот со експертите ангажирани од партнерите во проектот во Северна Македонија, Чешка и Србија кои ќе дадат коментари и предлози
- Да ја напише финалната верзија на Водичот
- При изработка на водичот да ги земе во предвид извештаите од · Националните истражувања за проценка на родовата сензитивност на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Северна Македонија, Србија и Чешка.
- Финалниот извештај треба да го подготви најдоцна до 30 септември 2025
Продукт
Водич за креирање на родово сензитивни програми за намалување на штети од употреба на дроги
Документи за аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV);
- Релевантни референци и линкови од претходно изработени документи
- Буџетска рамка
Вашата апликација доставете ја најдоцна до 02.09.2025 на vlatkod@hops.org.mk и vaskak@hops.org.mk
Финансирано од Европската Унија. Ставовите и мислењата искажани во оваа објава се исклучиво на авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската Унија или на АНПЦДЕФП.
Европската Унија и АНПЦДЕФП не сносат одговорност за нивната содржина.
