Општи информации
ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје во партнерство со Коалиција Маргини и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство го спроведува проектот: Унапредување на медиумската писменост за родово засновано насилство, поддржан од канцеларијата на UN Women во Скопје. Главната цел на проектот е да придонесе во обезбедување на релевантни знаења за темите поврзани со насилството врз жените и родово заснованото насилство кај новинарите, известувачите, уредниците итн.(медиумски професионалци), и да се влијае на значењето на превенција и намалување на родово засновано насилство преку зајакнување на капацитетие кај професионалците од областа на медиумите за соодветно прикажување на овие теми во медиумите.
Одговорности и задачи:
Експертот/та за подготовка на Анализа на потреби за обуки преку истражување на знаењата кај професионалци од областа на медиумите ќе ги има следните задачи:
- Избраниот експерт/ка ќе подготви прашалници / методологија за спроведување на истражувањето;
- Ќе интервјуира најмалку 20 претставници на медиумите (индивидуално или групно);
- Креира и доставува план за работа до проектната координаторка
- Го организира, координира, мониторира и води истражувачкиот процес во соработка со проектната координаторка;
- Врз основа на добиените одговори од испитаниците, ќе изготви Анализа односно извештај за потребите на медиумските професионалци за обуки, што ќе послужи како основа за изработка на модули за обуки. (Доколку здравствената состојба поради КОВИД 19 не е поволна за средба лично и ако постои висок ризик и постојат забрани за состаноци во живо, интервјуата може да се спроведат преку Интернет со помош на соодветна платформа преку Интернет или преку различни онлајн алатки во соработка со проектната координаторка).
- Експертот/ка се ангажира во периодот 06.11.2020 – 30.11.2020;
- Консултира и прегледува релевантни документи поврзани со насилството врз жени, родово сензитивното известување, нова и релевантна легислатива во заштитата од насилство врз жените и родово базираното насилство, насилство врз маргинализирани групи, превенција од родово засновано насилство;
- Тесно соработува со други домашни експерти и консултанти од областа;
- Соработува со координаторот на проект и проектниот тим;
- Креира структура и содржина на Анализата за потребите за обуки врз основа на степенот на знаење за наведените теми кај медиумските професионалци во соработка со проектната координаторка и проектниот тим;
- Испорачува драфт верзија (до 25.11.2020) година и финална верзија на Анализата (до 30.11.2020), со добар квалитет и на време.
Спроведување на активностите
За спроведување на активноста од овој повик предвиден е надоместок во бруто износ од 48.000 денари во бруто износ за целокупниот ангажман. Исплаќањето ќе се врши во две рати, од кои првата откако ќе се одобри план за работа од страна на проектниот тим, а втората по завршувањето на финалната анализа. Сите останати активности поврзани со спроведувањето на анализата (како на пример патни трошоци) се вклучени во вкупниот износ и паѓаат на товар на спроведувачот експерт.
Начин на пријавување и избор
Образование:
- Напредно универзитетско или магистерски степен/докторски во општествени науки
Професионално искуство:
- Минимум 7 години релевантно професионално искуство во својата област;
- Минимум 3 години во подготовка на релевантни документи, пишување политики и материјали за обука;
- Минимум 3 години во вршење обуки и едукации.
За пријавување кандидадот/ка треба да достави професионална биографија со наведени референци, предлог методологија за истражувањето и предлог план за работа за спроведување на истражувањето и предлог структура на пишувањето на анализата. Изборот ќе се врши според искуството и квалитетот на доставените методологија и план за работа и предлог структура на анализата.
Краен рок за доставување на апликациите е 06.11.2020 година до 17.00 часот.
Апликациите треба да се достават на следните адреси: hops@hops.org.mk и elena.coalition@gmail.com. За сите потребни информации ХОПС ви стои на располагање на претходно наведените адреси како и на телефонските броеви: +389 (0)2 3 246 205/ +389 (0)2 3 246 210
Скопје, 30.10.2020