Здружението ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, преку проектот “Рамноправноста
низ призма на статистиката“ финансиран од ЕУ, има потреба од набавка на услуги за
изработка на 30 инфографици и 3 кратки видеа. Инфографиците и видеата се
наменети за промоција на активностите на проектот на социјалните медиуми.
Понудата треба да содржи поединечна цена изразена во денари за сите ставки од
спецификацијата како и вкупна цена без и со вклучен ДДВ. Проектот е ослободен од ДДВ.
Предмет на набавка:
1. Изработка на 3 кратки видеа од по 60-90 секунди/рок на испорака 3 месеци
2. Изработка на вкупно 30 инфографици/ рок на испорака 3 месеци.
Инфографиконите ќе бидат статични, а секој од нив ќе се изработува во 2 јазични
верзии-македонска и албанска.
Критериуми и начин на избор на најповолна понуда
– Предходни инфографици на социјални медиуми
– Биографија или портфолио на реализирани проекти
– Кратки видеа за проекти
– Квалитет на понудата– 60 поени
– Финансиска понуда – 40 поени
Понудата со најголем број на поени ќе биде избрана како најповолна
Ве молиме Вашата понуда да ја доставите на горенаведената адреса или на маил:
vaskak@hops.org.mk најдоцна до 17.06.2025 година (вторник).
