Драги наши,
Која пудра најдобро покрива модрици? Оние модрици физички и психички, особено кај оние кои се најмаргинализирани? Модрици кои сакаме да не се случуваат повеќе, затоа сакаме да Ве замолиме за донација на ваше дело, ваучер, фотографии, слики, книги, накит и на први Јуни 2019 да станете дел од настанот за прибирање средства за жените кориснички на услуги на ХОПС.
Собраните средства од овој настан ќе овозможат континуирана едукација за правна помош и поддршка во текот на целата година.
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје е здружение на граѓани кое од 1997 година активно ги спроведува своите програми и активности во Скопје и во останатите градови во Република Македонија. Во своето делување ХОПС помага кон подобрување на статусот на корисниците на дрога и сексуалните работници, како и на сите останати маргинализирани групи во општеството и во тој контекст сите тие се директни корисници или целни групи во работењето на здружението.
Настанот на кој ќе ја покажеме нашата поддршка ќе се оддржи во BackYard Lounge Bar & Kids Area, локал во центарот на Скопје, и ќе содржи разновидни активности како турнир во мал фудбал, кошарка, продажба на донирани уметнички предмети и предмети изработени од клиенти на ХОПС, ќе имаме и креативни работилници за деца. Настанот ќе го збогати промоција на изданието на мандали за возрасни Симона Манчева, а крајот на денот е резервиран за кароке забава со Огнен Јанески. Целата агенда ќе ја имаме наскоро.
Делата можете да ги донирате најдоцна до 15 мај, а треба да бидат доставени на Ул. Христо Смирненски бр. 48/1-6, 1000 Скопје, секој работен ден од 8 часот до 16 часот. Или побарајте ја нашата Билјана Маџар на тел. бр: 078599825 или +389 (0)2 3 246 205, која ќе Ве упати за секој чекор или на е-маил: biljanam@hops.org.mk .
На секое дело, оставете име и презиме, контакт мејл и телефон и наслов на делото доколку има. Доколку сте во можност секако можете да донирате и на оваа жиро сметка:
270000000137627 – Халкбанк – АД Скопје
За настан „Која пудра најдобро покрива модрици?
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Ајде заедно да помогнеме и да ги охрабриме овие жени, мајки, другарки да се борат за себе и своите човекови права кои треба да се еднакви за сите.
Со почит,
ХОПС